text size
„Спејс екс“ (SpaceX) се подготвува да ги однесе потенцијалните инвеститори во својата иницијална понуда на акции (ИПО) на турнеја низ водечките локации на компанијата во Америка, велат луѓе запознаени со плановите. Да потсетиме, компанијата за ракети, сателити и вештачка интелигенција на милијардерот Илон Маск се стреми кон најголемото деби на берза во историјата.