text size
Македонските јавни претпријатија, трговски друштва во сопственост на државата, општински јавни претпријатија се заглавени во милионски долгови, во евра. Некои од тие долгови се постари и од 30 години. Влијаат на рентабилноста, ја доведуваат во прашање исплатата на плати, се почесто, посебно есенва, овие компании се соочуваат со штрајкови и протести. Дел од овие претпријатија се под надлежност на општините, многу од нив во минатото. па и денеска беа плодна почва за расад на партиски кадри па повеќето се и превработени. Кој ги расипуваше со политикатнтство, кој ги направи неефикасни? Скопје минатата недела остана без јавен транспорт, за деновиве е најавен протест и на Пошта на Северна Македонија.