text size
„Македонски Телеком“ бележи раст на приходната страна (top line) од 4,9 проценти во 2022 година во однос на 2021 година. Најзначаен релативен ефект врз продажбата има пазарот на мобилни услуги, кој бележи раст од 6,9 проценти, додека најзначајно процентуално намалување на приходите има од говорни услуги во големопродажба -12,4 проценти во споредба со 2021 година, констатира аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во анализата на финансиките извештаи за работењето на телекомот во текот на минатата година.