„Енвидија“ (Nvidia Corp.) им наложи на доставувачите на компоненти, меѓу кои „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.) и „Амкор технолоџи“ (Amkor Technology Inc.), да го запрат производството поврзано со чипот H20 за вештачка интелигенција, објави „Информејшн“ (The Information), повикувајќи се на неидентификувани извори.
„Енвидија“ ја издала наредбата неделава, откако Пекинг ги повика локалните компании да избегнуваат користење на H20, наведува „Информејшн“, алудирајќи на чип специјално дизајниран за кинескиот пазар. Акциите на американската компанија паднаа за околу 1,9 отсто на азиските пазари во утринската трговија на алтернативниот систем „Блу оушн“ (Blue Ocean), изјави Кок Хунг Вонг, раководител на институционална продажба на акции во „Мејбанк секјуритис“ (Maybank Securities).
Прекинот на производството би отворил прашања околу вистинската побарувачка за H20 - послаба верзија на напредните ВИ-акцелератори на „Енвидија“, која се натпреварува со моќни чипови од „Хуавеј технолоџис“ (Huawei Technologies Co.) и „Камбрикон технолоџис“ (Cambricon Technologies Corp.). Акциите на втората компанија скокнаа дури за 10 отсто во петокот, додека раст забележаа и другите кинески компании што произведуваат чипови.
Прочитај повеќе

Кина им препорачува на компаниите да не ги користат чиповите H20 на „Енвидија“
Кина ги советува фирмите да ги избегнуваат чиповите H20 на „Енвидија“ и MI308 на АМД, отворајќи нов фронт во технолошкиот спор со САД, додека Вашингтон бара дел од приходите од продажбите.
12.08.2025

„Енвидија“ и АМД ќе им плаќаат на САД 15 отсто од продажбата на ВИ-чипови во Кина
Договорот ја одразува доследната заложба на претседателот на САД, Доналд Трамп, да обезбеди финансиска корист за Америка во замена за отстапки во трговијата.
11.08.2025

Кина најави како ќе се бори против американскиот монопол над вештачката интелигенција
Целта е технологијата да не стане привилегија само на неколку земји и корпорации...
27.07.2025

Владетелите на силициумот го преземаат тронот, а еден само што ги надмина легендите
Некои од водечките традиционални инвеститори годинава бележат пад на својата нето-вредност.
08.08.2025
„Енвидија“ и „Адвенсд мајкродевисис“ неодамна добија одобрување од Вашингтон да продолжат со продажба на поевтини ВИ-чипови во Кина, под контроверзен и правно спорен услов да ѝ отстапуваат на американската влада 15 отсто од приходите. Но нивните кинески клиенти се под притисок да преминат на домашни чипови, дел од пошироката цел за развој на светски конкурентната домашна индустрија и намалување на зависноста од американската технологија.
Во изминатите недели кинеските власти испратиле известувања до повеќе компании, со кои предупредуваат да не користат помалку напредни полупроводници, објави „Блумберг њуз“. Тоа следуваше по тврдењата за наводни безбедносни ризици кај H20, откако американски функционери најавија дека разгледуваат начини чиповите да се опремат со подобри можности за следење локација.
Главниот извршен директор Џенсен Хуанг денеска изјави дека бил изненаден од реакцијата на Пекинг и нагласи дека H20 нема такви функции ниту скриени пристапи. Хуанг, кој престојуваше во Тајван, каде што разговараше за новиот чип Рубин со компанијата „Тајван семикондактор мјенуфекчуринг“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.), рече дека „Енвидија“ е во разговори со Вашингтон за можен наследник на H20 за кинескиот пазар, иако тоа ќе зависи од администрацијата на Трамп.
„Да се понуди нов производ за Кина за ВИ дата-центри, наследник на H20, тоа не е наша одлука. Се разбира, тоа зависи од американската влада“, изјави Хуанг пред новинарите за време на брифинг на аеродромот.
„Разговараме со нив, но прерано е за какви било заклучоци“. „Енвидија“, која треба да ги објави финансиските резултати следната недела, постојано негира дека во своите производи вградува скриени пристапи или можности за следење локација. „Постојано го менаџираме синџирот на снабдување за да одговориме на пазарните услови“, изјави портпарол на „Енвидија“ како реакција на текстот на „Информејшн“.
„Како што истакнуваат и двете влади, H20 не е воен производ и не е наменет за државна инфраструктура. Кина нема да се потпира на американски чипови за државни операции, исто како што и американската влада не би се потпирала на чипови од Кина. Но овозможувањето американските чипови да се користат за комерцијални бизнис-цели е во интерес на сите“, се наведува во соопштението.
Нејасно е дали текстот на „Информејшн“ се однесува на ново производство на H20 или на резерви од недовршени ВИ-акцелератори.
Недовршени полупроводници се „натрупуваат“ кај „Амкор“ (Amkor), која пакува чипови за клиенти како „Енвидија“, објави „Информејшн“. Претставници на „Амкор“ не одговорија веднаш на барањата за коментар, а одби да коментира и претставник на „Самсунг“.
„Енвидија“, која отпиша 5,5 милијарди долари вредни чипови H20 за Кина откако администрацијата на Трамп реши да го забрани производот, сè уште располага со непродадени резерви. Хуанг изјави дека укинувањето на забраната од страна на САД летово може да ѝ помогне на „Енвидија“ да надомести дел од загубите, но не и целата отпишана вредност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...