Во блок-трансакција вредна 29,1 милиони денари (475.000 евра) денеска на Македонската берза се продадоа 7.206 акции од „Стопанска банка“ АД Битола, коишто претставуваат 1,84 проценти од основната главнина на банката. Акциите се продадоа по цена од 4.050 денари за акција.
Тргувањето со блок акции на банката доаѓа во период кога српската „Алта банка“, којашто е дел од „Алта груп“ активно работи на процесот на преземање на „Стопанска банка“ АД Битола. „Блумберг Адрија“ неодамна објави дека „Алта банка“ има намера да даде понуда за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка Битола“. Понудата за преземање ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.
„Алта банка“ објави дека заедно со поврзаните лица веќе поседува 19.439 обични акции или 4,97 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од „Стопанска Банка“ АД Битола. „Алта банка“ чека зелено светло од надлежните институции во Македонија и Србија за да ја финализира понудата за преземање на македонската банка.
Прочитај повеќе

КХВ ја запре постапката за преземање на „Стопанска банка Битола“ поради промена на преземачот
Српската „Алта груп“ не се откажува од намерата за преземање, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација.
26.08.2025

Српската „Алта банка“ чека зелено светло за преземање на „Стопанска банка Битола“
Се чека одобрување за преземањето од Народната банка на Србија.
21.08.2025

„Алта Груп“ побара дозвола од КЗК за преземање на „Стопанска банка Битола“
Српската групација сака да преземе 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од македонската банка по цена од 3.777 денари по акција.
02.06.2025

„Втора среќа“ за „Стопанска банка Битола“: Ќе има ли нов играч во банкарскиот сектор?
„Стопанска банка Битола“ лани оствари добивка по оданочување од 163,17 милиони денари (2,6 милиони евра), што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година.
27.05.2025

Српската „Алта груп“ сака да ја преземе „Стопанска банка Битола“
Понудата за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.
21.05.2025
Инаку, според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, најголем поединечен акционер во „Стопанска банка“ АД Битола е компанијата „Пелистерка“ која поседува 16,9 проценти од вкупниот број акции.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...