Новиот, построг пристап на Европската Унија кон Кина е поттикнат од француската загриженост дека трговските практики на Пекинг почнаа да претставуваат критична закана за клучните индустрии.
Владата во Париз презеде водечка улога во промовирањето на политичките промени, според извори запознаени со нејзините цели, сметајќи дека тековната политичка лежерност ќе ја насочи економијата на блокот по патека на долгорочна штета.
Официјални лица, кои побараа да останат анонимни, потсетија на дебаклот на соларната индустрија пред една деценија, кога евтиниот увоз од Кина го уништи европското производство. Еден од изворите рече дека европската автомобилска индустрија потенцијално би можела да биде ранлива на ист таков начин, така што ЕУ се соочува со бинарен избор: или да ја потврди својата моќ или да ѝ се поклони на Кина.
Прочитај повеќе
Трговските односи со Кина се многу неурамнотежени, вели преговарач на ЕУ
Иако се обидува да ја намали својата ранливост кога станува збор за „стратешките производи“, тоа не значи дека ЕУ се одвојува од Кина.
23.09.2023
Фон дер Лајен: Неопходна е истрага за кинеските субвенции за електрични возила
Најтешко ќе ги погоди германските производители на автомобили, кои продадоа 4,6 милиони автомобили таму минатата година.
20.09.2023
Зголемени тензии меѓу Кина и Германија поради електричните возила
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вели дека ЕУ треба да биде помалку зависна од Кина.
19.09.2023
Може ли Македонија да ќари од кинескиот поход со електрични возила?
Кинески компании инвестираат во фабрики за производство на батерии насекаде во светот.
19.09.2023
ЕК анализира дали Кина дава премногу субвенции за електрични автомобили
Во првите седум месеци од оваа година има драстично зголемување на продажбите на автомобили во Европа.
15.09.2023
Намерата не е трговските односи на Европа со Кина, вредни 900 милијарди долари годишно, да се претворат во директна битка каква што Пекинг води со САД, туку да се воспостават еднакви услови меѓу најголемите економски блокови во светот, вели едно од официјалните лица.
Францускиот претседател Емануел Макрон сака неговите партнери од ЕУ да ја гледаат Европа како сила што балансира меѓу двете светски економски суперсили, посочи еден од изворите. Тоа ќе им овозможи на Париз и другите европски престолнини да негуваат посебни односи со други потенцијални сојузници, како што е Индија.
Сепак, поостриот став на ЕУ исто така предизвика нервоза, па дури и официјалните лица во Париз се загрижени за тоа што всушност би значело преточувањето на француските предлози во практика.
Еден извор го опиша одговорот на Кина на отворањето од истрагата за субвенциите за електрични автомобили како загрижувачка претерана реакција, додека друг го признава ризикот за трговска војна.
Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во понеделникот изрази „силна загриженост и незадоволство“ кон главниот трговски преговарач на ЕУ, Валдис Домбровскис, поради истрагата на блокот против субвенционирање на кинеските електрични возила.
Макрон долго време се залага за ревизија на економските цели на ЕУ за да се обезбедат алатки за заштита на пропаднатите индустрии и поголема државна помош за клучните сектори. Сепак, француските иницијативи честопати наидуваа на отпор од земјите, вклучувајќи ја и Германија, кои стравуваат дека одмаздата може да им наштети на нивните извозници, а помалите земји се загрижени за нелојалната конкуренција од гигантските компании што располагаат со државни пари.
Сега ЕУ започна истрага за кинеските субвенции, која би можела да доведе до царини, со што се засилува можноста за голема промена во креирањето на европската политика, која би ги отфрлила принципите на слободна трговија и отворени пазари како најдобар начин за одбрана на економските интереси на континентот.
Како што Германија направи чекор назад од водењето на европската политика, таа остави вакуум за другите, вклучувајќи ги и Франција и Европската комисија, да се борат за влијание, според Мујтаба Рахман, шеф за истражување за Европа во групацијата „Евроазија“ (Eurasia). Целта на Макрон е поттикната и од планот на претседателот Џо Бајден за огромни субвенции, според Законот за намалување на инфлацијата, за зајакнување на домашната индустрија при климатската транзиција.
„Голем повик за одмаздување беше Законот за намалување на инфлацијата, кој целосно ја преобликува дебатата и ѝ даде на Франција многу поголема моќ да каже дека Американците на крајот многу поактивно управуваат со економијата и дека пости многу поголема улога за индустриската политика“, рече Рахман.
Секоја провокација кон Кина носи големи ризик за блокот, кој веќе се бори да излезе од енергетската криза и најлошиот напад на инфлација во историјата на еврозоната. Кинеските царини би било тешко да се предвидат и би можеле да имаат влијание врз повеќето големи компании на континентот, вклучувајќи ги и француските гиганти од светот на луксузот, како „Луј Витон“, за кои големата азиска економија е клучен пазар.
„Ако се погледне на многу едноставен начин, може да се каже дека доколку се остварат европските мерки за кинеските електрични возила, тогаш постои ризик од одмазда, на која најмногу се изложени германските автомобили“, вели главната економистка на „Сосиете женерал“, Михала Маркусен. „Но, не значи дека ќе биде толку црно-бело. Дали Кина навистина ќе возврати со истата стока? Постои ризик тоа да биде многу покомплексно“.
Покрај тоа, конфликтот со Кина би бил неурамнотежен.
Според пресметките на „Алијанц трејд“, доколку ЕУ ги зголеми тарифите за еден процентен поен, вкупните загуби за Кина - земајќи ја предвид чувствителноста на цените - би биле околу 8,4 милијарди долари. Иако тоа може да биде голема сума, тоа е само 0,2 отсто од извозот на Кина во споредба со 1,5 отсто од увозот во ЕУ.
Зависноста од кинеските стоки исто така може да се трансформира во асиметричен инфлаторен шок, бидејќи Европа ќе мора да прифати повисоки цени за критичните материјали, додека Кина би можела да биде посамоодржлива или да се сврти кон други пазари за да ги замени европските стоки.
Во контекст на високата инфлација и рекордно долгата монетарна кампања на Европската централна банка, блокот би можел да заврши во рецесија, според Ана Боата, шефица на економските истражувања во „Алијанц трејд“.
Демонстрација на сила
Способноста на Макрон да влијае на политиката на ЕУ е исто така поврзана со неговиот политички бренд, кој го изгради на прифаќање на европскиот проект како начин за одбрана на интересите на обичните луѓе. Со изборите за Европскиот парламент во јуни следната година, таа визија ќе се соочи со уште еден стрес-тест против националистичката партија на Марин Ле Пен.
Во дебатата за тоа дали да се ризикува трговска војна со Кина, висок француски функционер рече дека гласачите повеќе се грижат за демонстрацијата на сила отколку за интересите на корпорациите што би можеле да бидат вовлечени како одмазда.