Адриа

Многу поскапувања во регионот се вештачки

Извор: Marko Perožić и Nikolina Oršulić, Bloomberg Adria

22. Септември 2022, 14:46

Има многу субјективизмот во проценките за поскапувањата, а со тоа и пресметката на инфлацијата.

 Финансискиот аналитичар Хрвоје Јапунџиќ смета дека многу поскапувања на пазарите во нашиот регион се предизвикани вештачки, со инкорпорирање на многу повисоки очекувања за идна инфлација во увозната цена.

Во интервју за Bloomberg Adria, тој тоа го нарече прекумерно вклучување на субјективизмот во проценките за поскапувањата, а со тоа и пресметката на инфлацијата.

Подобрените можности за набавка и пониските цени на стоките на светските берзи треба да влијаат на слабеењето на инфлацијата во нашите подрачја, смета Јапунчиќ.

Ова пред се, се однесува на цените на храната, додека во однос на енергетиката ситуацијата се разликува од земја до земја. Во најлош случај, се очекува нарушување во синџирите на снабдување, многу тешка зима и посилно ширење на коронавирусот.

Доколку тоа се случи, објаснува Јапунчиќ, членките на еврозоната и на Европската унија можат да сметаат на поддршката на Европската централна банка, Европската комисија, фондовите и Европската инвестициска банка, додека земјите од регионот кои не се дел од блокот ќе мора да побараат помош од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Тој заклучува дека проблемот со недостигот на работна сила со кој се соочуваат пазарите на труд во регионот може да се претвори во позитивна вест за вработените.

„На работодавачите ќе им биде потешко да тргнат кон значителни отпуштања бидејќи за време на периодот на опоравување, а знаеме дека тоа во најлош случај може да трае од 12 до 18 месеци, ќе им биде многу тешко да најдат работна сила“.

Јапунчиќ смета дека тешка рецесија не е извесна ниту за САД, ниту за Европската Унија, а повеќе за ова можете да дознаете во видеото.

 

 

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија