text size
На регионалната конферецијата „Можности за инвестиции во ОИЕ на Западен Балкан“ разговаравме за регионален пристап во справувањето со енергетската криза и обезбедување енергетска трансформација и енергетска сигурност на секоја од државите, но и на регионот во целина, изјави во Белград за МИА премиерот Димитар Ковачевски по завршување на конференцијата, каде заедно учествуваше со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите Еди Рама од Албанија, Дритан Абазовиќ од Црна Гора, Зоран Тегелтија од БИХ и инвеститори од Норвешка со претставник на норвешката Влада.