text size
Октомври донесе пад на индустриското производство во целиот регион Адрија. А негативниот тренд ќе продолжи и во 2023 година, прогнозираат аналитичарите на „Блумберг Адрија“ во најновиот извештај, кој се однесува на индустриското производство во петте земји. Октомврискиот пад доаѓа по три релативно добри квартали.