Индустриското производство во јули 2024 година во однос на јули 2023 година бележи раст од 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
По сектори најголем раст има во секторот рударство и вадење камен, од 14,9 отсто. Преработувачката индустрија бележи раст од 3,8 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад на производството од 1,1 отсто.
Растот во преработувачката индустрија го прават 12 оддели каде што е забележан раст на производството. Највисок раст има во одделот печатење и продукција на снимени медиуми од 121,4 отсто, потоа кај производството на тутун од 69,3 отсто и производството на прехранбени производи од 41,3 отсто.
Прочитај повеќе
Паѓа продажбата на електрични возила во Македонија: А царините за кинеските?
Германските производители на автомобили силно се противат на новите тарифи.
27.08.2024
Графикони: Платата урива рекорди, продуктивноста во длабок минус
Просечната плата во земјава и во јуни годинава постави нов рекорд
24.08.2024
Не постои енергетска транзиција без инвестиции во енергетската мрежа
Македонија стана лидер во делот на производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани
21.08.2024
Во јуни просечната нето-плата изнесуваше 41.939 денари
Финансиските дејности и дејностите на осигурување бележат најголем раст на нето-платите.
21.08.2024
Најголем пад на производството има во секторот производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 50 отсто и кај производството на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, каде што има пад на производството од 44,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година во однос на јули 2023 година бележи пораст кај енергија за 2,8 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 3,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 33,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 24 отсто, додека кај капиталните производи бележи опаѓање за 20,1 отсто.
Кумулативно индустриското производство во периодот јануари -јули 2024 година во однос на периодот јануари-јули 2023 година е намалено за 3,9 отсто.