text size
И 2023 година ќе биде проблематична поради хроничниот недостиг од работна сила во регионот. Во најновиот извештај, кој целосно е достапен на крајот на овој текст, аналитичарите на „Блумберг Адрија“ пишуваат дека фактот што бројот на луѓе што излегуваат од групата „активно население“ е значително поголем во однос на новосоздадената работна сила, значи дека ќе продолжи трендот на намалување на бројот на работници.