text size
Вистински хаос владее на регионалниот пазар кога пелетите се во прашње. Додека нивната цена енормно расте, во некои земји од регионот Адриа воопшто нема залихи, па невозможно е да се одговори на побарувачката. Во Македонија нема статистика за тоа колку луѓе користат печки на пелети, ниту пак колкаво е домашното производство. Поголемиот дел од потребите се задоволуваа од увоз но Босна и Херцеговина и Србија моментно го забранија извозот. Колегите од словенечката редакција на Bloomberg Adria пишуваат дека трговците и добавувачите на пелети мака мачат да ги наполнат магацините, а цените растат и се нестабилни. Според словенечките искуства некогаш цените се менуваа четири пати годишно, но сега се менуваат од недела во недела. Што ќе се случува наесен, пред грејната сезона?