text size
Човекот е чудно суштество, деструктивно и креативно во исто време. Додека војува за територии и ресурси на Земјата, неколку стотици илјади километри подалеку „војува“ за нови вселенски пространства. На конфликтот со Иран - да не заборавиме дека и Украина исто така мечтае за мир - сѐ уште не му се гледа крајот, иако Трамп судејќи според жестокоста на заканите кон Исламската Република, како да е при крај со трпението и нервите. Пазарите продолжуваат со нестабилноста, а новиот ултиматум на американскиот претсадетал за Иранците ги држи пазарите под уште поголем притисок.