За своето прво големо меѓународно патување американскиот претседател Доналд Трамп ја одбра Саудиска Арабија. Според „Блумберг“, очекувањата се дека Трамп ќе обезбеди сигурни договори за идни инвестиции од овој регион. Геополитиката исто така е на агендата со оглед на тоа дека американскиот претседател размислува и за можноста да отпатува во Турција за да се приклучи на потенцијалните преговори за војната во Украина, меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.
Можен ли е инвестициски бум од шест милијарди евра во Македонија?
Веќе извесно време јавноста речиси секојдневно слуша за инвестицискиот бум што го најави премиерот Христијан Мицкоски, а чија вредност би била меѓу пет и шест милијарди евра. Според таа информација, планот е јасен: Владата ќе се обиде да поттикне економски раст и развој и да ги подобри условите за бизнис и животниот стандард на граѓаните. Ама тука засега има многу неодговорени прашања: што точно ќе се гради, колку ќе инвестира државата, а колку приватниот сектор, од каде ќе се обезбедат пари, дали ќе порасне јавниот долг, кои се роковите за реализација итн.
Информациите што досега се споделија со јавноста се нецелосни, иако мора да се признае дека се ветува многу: од изградба на патишта, брза пруга, болници, ски-центар, вечните Чебрен и Галиште, па до нови соларни и ветерни централи. Но досегашното искуство со најави за мегаломански инвестиции, кои најчесто не се реализираат во најавените размери, а често и остануваат само на најава, го оправдува сомнежот на јавноста.
ББА коментар: Што ја нарушува довербата на инвеститорите во Романија?
Некогаш перципирана како ѕвезда во подем меѓу пазарите во регионот, Романија сега се соочува со бројни предизвици кои значително ја нарушија довербата на инвеститорите. Комбинацијата од политичка несигурност, макроекономски слабости и слабеење на пазарот на капитал ја турна земјата кон дното на скалата на привлечност.
За само еден месец, приносите на краткорочните романски обврзници се зголемија за дури 50 базични поени, додека приносот на десетгодишната обврзница достигна 7 проценти. Овој скок укажува на нагло зголемување на ризикот што инвеститорите моментално го припишуваат на романскиот пазар. Вкупната инфлација во земјата е 4,9 проценти, додека инфлацијата во секторот на услуги достигна 7 проценти. Овие високи нивоа на инфлација создаваат дополнителен притисок врз потрошувачката моќ, растот на реалните плати и одржливоста на монетарната политика.
Премиерлигата сė повеќе станува американска – дали е тоа добро или лошо?
Англиската Премиерлига се смета за најдобра во светот. Таа е дом на суперѕвезди и иконски клубови, кои, за разлика од оние во Американската национална фудбалска лига (НФЛ), се познати низ целиот свет. Освен глобалната слава и фактот дека тие навистина всушност ги користат нозете, постои уште една голема разлика помеѓу овие англиски фудбалски тимови и нивните американски братучеди, а тоа се парите.
Повеќето тимови од Премиерлигата се мачат и иако нивната вредност расте, тоа е само дел од вредноста на тимовите од НФЛ. Иако играат на пазар што потенцијално носи огромни профити и се потпомогнати од големи договори за телевизиски права, публика во 180 земји и растечки број богати инвеститори, тоа не беше доволно за да ги извлече повеќето клубови од минус.
„Коинбејс“ ќе влезе во S&P 500 – клучен момент за крипто индустријата
Акцијата на „Коинбејс“ (Coinbase Global Inc.), најголемата американска крипто – берза, ќе биде додадена во индексот S&P 500, што претставува важен пресврт за растечката индустрија на дигитални средства.
Компанијата ќе ја замени „Дискавер Фајненшл Сервисис“ (Discover Financial Services) во индексот пред почетокот на тргувањето на 19 мај, соопштија од S&P Dow Jones Indices. Акциите на „Коинбејс“ пораснаа за 13 отсто во тргувањето по работното време.
Вештачка интелигенција во ајфоните ќе го продолжува траењето на батеријата
„Епл“ (Apple Inc.) планира да користи технологија на вештачка интелигенција за да се справи со чест извор на незадоволство кај корисниците: траењето на батеријата кај ајфоните (iPhone). Компанијата планира режим за управување со батеријата потпомогнат од вештачка интелигенција со иос 19 (iOS 19), ажурирање на софтверот за ајфоните што се очекува во септември, според луѓе запознаени со темата.
Подобрувањето ќе го анализира начинот на кој лицето го користи својот уред и ќе прави приспособувања за заштеда на енергија, велат изворите, кои побарале анонимност бидејќи услугата сè уште не е официјално објавена.