text size
Европската централна банка (ЕЦБ) утре ќе изврши уште едно зголемување на каматните стапки во борбата против инфлацијата, а аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ прогнозира дека по состанокот на Извршниот одбор на банката стапката ќе се искачи на два отсто за првпат од 2009 година, кога ЕЦБ реагираше на негативните последици од светската економска криза.