text size
Германија ги следи Шпанија и Белгија во соопштенијата за побавна инфлација, нудејќи муниција на тие што сакаат Европската централна банка (ЕЦБ) да го намали темпото на раст на каматните стапки. Потрошувачките цени во најголемата европска економија во ноември пораснале за 11,3 отсто во однос на истиот месец лани, што претставува пад споредено со инфлацијата од 11,6 проценти во октомври, објави германската статистичка агенција. Аналитичарите што ги анкетира „Блумберг“ очекуваа инфлација од 11,3 отсто.