text size
Ќе се заострат условите за кредитирање, особено во однос на долгорочните или поризични позиции, меѓу кои финансирањето иновации и нематеријални добра, вели Лилјана Павлова, заменик-претседателка на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Во услови на шокови што ги предизвикаа случувањата во САД со банките „Силикон валеј“ (Silicon Valley Bank) и „Кредит Суис“ (Credit Swiss) на европско тло, со неа разговараме каков одговор ќе треба да има овој нов шок за да се ублажат долгорочните последици. Какви ќе бидат сепак последиците од предизвиците во банкарскиот сектор во комбинација со промената на економскиот пејзаж и импликациите од климатските промени и дигитализацијата, но и какви се плановите за кредитирање од страна на ЕИБ.