Европа

Тешки времиња ја чекаат германската индустрија ако нема договор за гасот

Извор: Petra Sorge/Bloomberg

12 јуни 2023, 17:32

Германија би можела да ги редуцира или дури и да ги затвори индустриските капацитети

Потребно е обновување на договорот за транзит на гас меѓу Украина и Русија

Тешки времиња ја чекаат германската индустрија ако нема договор за гасот

Bloomberg

Германија би можела да биде принудена да ги редуцира или дури и да ги затвори индустриските капацитети доколку договорот за транзит на гас на Украина со Русија не биде продолжен по истекот на следната година, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

Хабек, кој е и заменик-канцелар, во понеделникот на економска конференција во источна Германија издаде остро предупредување, велејќи дека креаторите на политиките треба да избегнуваат „повторување на истата грешка“  односно да не донесат мерки за претпазливост за обезбедување со  енергија водејќи се од претпоставката дека економијата нема да биде засегната

Ќе треба да се почитуваат правилата за поделба на товарот за потенцијалниот недостиг на гас во Источна Европа, што значи дека Германија ќе мора да извезува гас таму за да го надомести недостигот, а производителите во најголемата европска економија би можеле да имаат ограничени или намалени испораки, додаде тој.

„Не постои сигурно сценарио за тоа како ќе се одвиваат работите“, рече Хабек на форумот во Бад Сароу. Дополнителниот капацитет – кој го вклучува планираниот терминал за ЛНГ на северниот брег на Германија, кој наиде на противење од локалните жители и еколошките групи - ќе биде клучен за одржување на снабдувањето и во источна Германија и во источна Европа“, рече тој.

И покрај воената инвазија од страна на силите на Кремљ во февруари минатата година, Украина сè уште заработува пари од транзитните такси што се плаќаат за рускиот гас да тече низ нејзината територија до земји како Австрија, Словачка, Италија и Унгарија.

Дури и ако одредено снабдување продолжи по 2024 година, сегашниот транзитен договор веројатно нема да биде продолжен под слични услови, со оглед на недостатокот на политичка поддршка, се вели во извештајот на Центарот за глобална енергетска политика објавен минатата недела.

„Директните преговори меѓу Украина и Русија за продолжување на транзитниот договор изгледаат многу малку веројатни во сегашната ситуација“, велат авторите на извештајот, Ен-Софи Корбо и Татјана Митрова.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите