Европа

Франција погодена од најтешката суша во историјата

Извор: Samy Adghirni/Bloomberg

05. Август 2022, 15:27

Рестрикции за вода има во 93 од 96 департмани

Владата формираше кризен тим за справување со катастрофата

Ограничувањата вклучуваат забрана за наводнување

Франција погодена од најтешката суша во историјата

Bloomberg Mercury

Француската влада формираше кризен тим за борба против најтешката суша досега и предупреди дека ситуацијата може дополнително да се влоши.

Кризниот тим ќе управува со водоснабдувањето во најпогодените подрачја и ќе го следи влијанието на сушата врз производството на енергија и земјоделските активности.

Од кабинетот на француската премиерка, Елизабет Борне, апелираа до жителите да штедат вода и изјавија дека ограничувањата ќе продолжат каде што е потребно за да се обезбедат приоритетни услови како што се здравствени услуги, безбедност и вода за пиење.

Поради долготрајната суша, која започна уште пролетва, владата беше принудена да воведе ограничувања на потрошувачката на вода во 93 од 96 департмани, а повеќе од 100 градови се соочуваат со недостиг на вода за пиење.

Ограничувањата на потрошувачката на вода вклучуваат забрана за наводнување.

„Оваа суша е најлоша од сите досега. Недостигот на дожд е уште полош поради последователните топлотни бранови кои го забрзуваат испарувањето и ја зголемуваат потребата за вода“, соопштија од кабинетот на премиерката Борне.

Жетвата на пченка годинава најверојатно ќе опадне за 19 отсто поради сувото време, посочуваат од Министерството за земјоделство.

Најлошо од сè е што временските прогнози велат дека сушата може да трае уште две недели.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија