Германскиот кабинет денеска треба да усвои пакет даночни олеснувања за компаниите во вредност од околу 46 милијарди евра, како дел од поширокиот напор за оживување на економијата за која се предвидува дека во 2025 година ќе стагнира трета година по ред.
Владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц - која ја сочинуваат неговиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите - се согласи на отписи од дури 30 отсто за компаниите што ќе купат движен имот меѓу крајот на јуни годинава и јануари 2028 година, според нацрт-законот што го виде „Блумберг“.
Пакетот, кој треба да биде одобрен од парламентот, вклучува и дополнителни бенефиции за амортизација за фирмите што купуваат електрични возила за своите возни паркови со бруто-цена до 100.000 евра.
Прочитај повеќе

Германија и одобри на Украина нови пет милијарди евра воена помош
Берлин исто така ќе ги зголеми испораките на компоненти за оружени системи, вклучително и артилерија.
28.05.2025

Германија ќе ја укинува можноста за брзо добивање државјанство
Според постојната политика, жителите можат да аплицираат за натурализација по три години во Германија, доколку имаат постигнато течно познавање на германскиот јазик и можат да покажат извонредни образовни или професионални достигнувања
28.05.2025

Германија најавува нови санкции за Русија за да изнуди прекин на огнот
Германија работи со сојузниците на нов пакет санкции со кои сака да ја принуди Русија да се согласи на прекин на огнот во војната со Украина.
19.05.2025

Германскиот индекс DAX се движи кон рекорд, бришејќи ги загубите од царините
Главниот берзански индекс на земјата порасна дури за 0,7 проценти, на ниво од 23.522,67 бода, надминувајќи го претходниот дневен рекорд од 18 март.
09.05.2025
Најголемата економија во Европа е особено изложена на глобалните трговски превирања предизвикани од царинските притисоци од американскиот претседател Доналд Трамп. Клучните индустрии, како што се автомобилската и хемиската индустрија, се потпираат на извозот на пазари, вклучувајќи ги САД и Кина, за да ги заштитат работните места дома.
Како дел од мерките што треба да се потпишат денеска, министерот за финансии Ларс Клингбеил планира постепено да ја намали стапката на корпоративен данок во период од пет години, почнувајќи од 2028 година. Вкупниот товар би се намалил на околу 25 проценти од околу 30 проценти, колку што е моментално.
Клингбеил има намера и да го подобри даночниот третман на задржаната добивка и да ги прошири даночните олеснувања за истражување и развој.
Се очекува мерките да ги намалат федералните даночни приходи за околу 2,5 милијарди евра годинава, а до 2028 година износот ќе се зголеми на околу 12 милијарди евра, според документ што го сподели Министерството за финансии.
Пакетот е широко прифатен од индустриските здруженија, иако некои се пожалија дека не се оди доволно далеку и дека е потребно повеќе за да се поттикне значаен раст.
„На првите најавени мерки им недостигаат насочени стимулации за малите и средните претпријатија“, рече Дирк Јандура, претседател на германската лоби-група за трговија на големо, надворешна трговија и услуги, во изјава испратена по е-пошта.
„Ситуацијата тука останува драматично лоша“, додаде тој. „На нашите компании им се потребни поголеми даночни олеснувања за да станат повторно конкурентни на меѓународно ниво“.
Нацрт-законот треба да добие одобрение и во Долниот дом на Бундестагот и во Горниот дом на Бундестагот, каде што се претставени 16-те покраини на Германија. Владата изјави дека ќе се обиде да ги спроведе мерките пред да започне летната пауза околу средината на јули.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...