Македонија

Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонеси

Извор: МИА

22. Септември 2022, 15:15

ОРМ бара субвенционирањето на придонесите да продолжи до 31 октомври 2024 година

Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонеси

Bloomberg

Организацијата на работодавачи на Македонија бара до 31 октомври 2024 година да продолжи примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.

„Нашето барање е членот 11 кој во постојниот закон гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година“ да се измени и да гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2022 година до 31 октомври 2024 година“, информираат од ОРМ.

Оваа иницијатива, како што посочуваат, е покрената по направените консултации со нивните членки.

„Имајќи ја предвид моменталната економска и енергетска криза, кога компаниите се соочуваат со енорно зголемени трошоци за производство и ги прават сите напори да останат конкурентни на пазарот и да ги задржат работните места, сметаме дека е од особена важност да се продолжи со субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување по основ на зголемување на плата како би може да го издржат периодот кој престои. Сакаме да истакнеме дека се работи за закон, кој имаше поставено јасни цели за неговото донесување, беше многу лесно применлив и ја оствари целта за која што беше донесен –покачување на платите на вработените“, се наведува во соопштението од ОРМ. 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 2 часа

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија