text size
Голем интерес меѓу професионалците од финансискиот и реалниот сектор предизвика 21. годишна конференција на Македонската берза што денеска се одржува во Охрид по пауза од две години поради пандемијата од Ковид-19. Повеќе од 200 учесници од земјава и од странство присуствуваа во конференциската сала на хотелот „Инекс Олгица“ за да ги слушнат размислувањата и прогнозите на водечки лица од финансискиот свет, пазарите на капитал, банкарскиот, енергетскиот и други сектори во услови на влошување на економската состојба во земјава и во светот. Без исклучок, сите говорници прогнозираат уште една тешка година која веројатно ќе заврши со рецесија и укажуваат дека не треба да се очекува подобрување на состојбата најмалку до втората половина од 2023 година.