text size
Крајот на септември ги носи и првите тестови во училиште, што значи почнува и трчањето по приватни часови. Математика, физика, хемија, информатика, странски јазици се најчесто предметите за кои децата бараат помош. Родителите пак, плаќаат. Растот на цените ги зголеми и цените за индивидуалната настава, сега еден час чини од 500 до 700 денари. Но, од овие пари, државата нема никаков ќар. Завршуваат во џебот на наставниците, не се даночат. Исто како што не се даночат и парите за голем дел од производите што ги нарачување онлајн, ситни поправки дома, за изработка на нокти во некоја гаража или подрум по поевтина цена, за домашните торта и кифлички кои за вашиот роденден ќе ги подготви некоја жена во сопствената кујна, списокот продолжува до недоглед. Навидум станува збор за малку пари, но кога ќе се стават на купче, загубата на државата се мери во милијарди евра.