text size
Не е дојден крајот за раст на цените. Врвот на инфлацијата во Македонија ќе биде достасан во следните месеци, прогнозира аналитичкиот тим на Блумберг Адриа. Во анализата, а по одлуката на Народната банка на Северна Македонија за зголемување на основната камата за уште 0,5 процентни поени аналитичарите посочуваат на оправданост на затегнувањето на монетарната политика. Нашата аналитика очекува дополнително зголемување на каматата на благајничките записи до крајот на годината. Растот на основната камата ќе донесе раст на каматите на кредитите и ќе биде во функција на ограничување на цените.