text size
Буџетот на државата следната година ќе биде рекордни 4,88 милијарди евра, а Македонија ќе мора да врати фантастични една милијарда евра на име стари долгови. Ќе има ли стопанството здив да ги приходува овие пари, а колку дополнително ќе мора да се задолжиме? И секако каде ќе се задолжиме ако потрае кризата? Предвидувањата се дека, затегнувањето на монетарната политика глобално ќе биде постојан тренд барем уште некое време или до крајот на годината секако. Изгледите за стабилизација на инфлаторниот притисок постојат, но трендовите се бавни. Анализираме како во вакви услови ги креираме јавните политики. Според официјалните документи и последната Фискална стратегија од 2023 до 2027 година, македонскиот буџет в година ќе тежи 4,87 милијарди евра или безмалку 300 милијарди денари. Она што предизвикува е нивото на долг кој е продуциран минатите години, а за кој министерот за финансии зборува и во последната колумна. Имено Македонија има за враќање во 2023 година дури една милијарда евра. Тоа е сума во која се вклучени и главнината и каматите. Таа година за наплата стасува еврообврзницата од 2016 година.