text size
Земјоделството е најголемиот искористувач на водните ресурси во земјава. Просечната потрошувачка на водите изнесува 738 милиони кубни метри вода, а податоците покажуваат дека околу две третини од таа количина е наменета за наводнување. Според податоците од Министерството за животна средина, во 2018 година дури 70 проценти од вкупното количество на искористени водни ресурси било наменето за наводнување на земјоделските површини.