text size
Кредитниот рејтинг ББ+ со негативен изглед е потврден во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ (Fitch), информираат од Министерството за финансии од каде нагласуваат дека одлуката на Агенцијата е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго-одржуваниот фиксен девизен курс.