text size
Изреката „времето е пари“ добива сѐ поголемо значење во бизнис-круговите, главно поради потребата од состаноци во четири очи, брзи реакции и потписи на мултимилионски договори. Менаџерите и сопствениците на големите компании зачестено имаат потреба од непланирани патувања, што може да биде проблематично во земји како Македонија и оние од регионот Адрија, бидејќи имаат релативно ограничени авионски врски преку јавниот воздухопловен транспорт до земјите од регионот, Европа и светот. Истражувавме дали во Македонија има приватни авиони, колку чини да се изнајми чартер-авион за приватно патување и каква фреквентност има на македонското небо кога се во прашање приватните летови.