text size
Македонската економија е мала, отворена и зависна од надворешни влијанија. Во такви услови е неопходна трансформација и во делот на дигитализацијата и во делот на зелената енергија, за да се постигне поголема еластичност на фирмите во време на криза и полесно да се надминат последиците. Дополнителен проблем со кој се соочува земјава е и пониската додадена вредност во производството во споредба со европските земји. Ова се само дел од заклучоците на денешниот бизнис-форум на тема „Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во време на криза“, кој се одржа во организација на Програмата за развој на Обединетите нации.