text size
Повеќе од 40 компании во Македонија имаат лиценци за увоз на природен гас, што целосно ги демантира тврдењата на министерот за економија, Крешник Бектеши, дека „Макпетрол“ има монополска позиција на овој пазар, соопштуваат денеска од компанијата. Тврдат дека оваа изјава, како и низа други кои што од негова страна биле пласирани, служат само за да ја дефокусираат јавноста од главниот проблем - дека државата и нејзините институции популистички се фалат оти пазарот со природен гас е либерализиран, а дека земјата ниту има сертифициран оператор, ниту се донесени нужните подзаконски акти, ниту се вопоставени правилата на функционирање.