text size
Од 1 јануари во земјава нема да има гас за парното за домаќинствата во Скопје, за Клиничкиот центар, за неколку училишта што се приклучени на мрежата. Гас нема да добиваат ниту фабриките во зоните што се носители на извозот во земјава, ниту, пак, најголемите компании, како „Алкалоид“, „Европа“, „Макстил“, „АрцелорМиттал“, „11 Октомври ФЗЦ Куманово“, „Жито лукс“, „Титан цементарница Усје“, „Пивара“ ... Од гас се зависни меѓународниот аеродром „ТАВ Македонија“ во Петровец и скопското јавно сообраќајно претпријатие.