text size
Над 180 компании, меѓу нив и банките, со годишни приходи од над 10 милиони евра, во 2023 година ќе платат данок на екстра-профит од 30 отсто. Според проекциите на Министерството за финансии, државата планира по оваа основа следната година во буџетот да се слеат околу 90 милиони евра. Тие пари, како што објаснуваат од Министерството, ќе одат во специјалниот фонд, преку кој се креираат и исплаќаат антикризни мерки.