text size
Белградската компанија „Делта инженеринг“ го доби тендерот на државното претпријатие за вршење енергетска дејност, пренос на природен гас „Номагас“, за да направи урбанистички проект и студија, односно елаборат, за процена на еколошкото влијание за изградба на магистрален гасовод на делницата 7, или од Кичево до Охрид. За оваа работа белградската компанија и скопската фирма „Коленко“ ДООЕЛ, која учествува во набавката, ќе добијат над 570 илјади евра. Ова е најскап оглас за ваков елаборат што „Номагас“ го плаќа воопшто. Имено, на тендер што беше објавен во 2020 година, а кој тогаш го доби кумановската фирма „Простор“ ДОО, беа платени 335 илјади евра за договор со иста набавка - изработка на инфраструктурен проект, судија за оцена на влијанието врз животната средина, но тогаш тој беше за делницата Свети Николе - Велес.