text size
Во кој правец оди јавниот долг на Македонија и од каде ќе се наоѓаат пари за покривање на старите долгови во услови на зголемување на приносите на пазарите се прашања што заслужуваат внимание. Владата ја усвои Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг 2023-2025 (со изгледи до 2027 година), во која се планира понатамошно зголемување на јавниот долг, па постепено намалување. Анализираме колкави се исплатите што се планирани за годинава по основа на стари долгови во време кога е поставен лимит за новите заеми годинава од една милијарда евра.