text size
Во услови на континуирано затегнување на условите за задолжување на меѓународните пазари на капитал и зголемување на каматите од страна на најголемите централни банки се стеснува просторот за обезбедување пари за поддршка на јавните финансии, а новите заеми стануваат сè поскапи. Поради тоа, носителите на фискалната власт во Македонија во претстојниот период ќе се соочат со предизвици во обидот да се обезбедат пари за буџетскиот дефицит за 2023 година и за враќање на старите долгови. Владата неодамна ја усвоила Информацијата за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на меѓународниот пазар во 2023 година, па „Блумберг Адрија“ побара одговори од Министерството за финансии на неколку прашања поврзани со плановите за задолжување годинава и дома и во странство. Каква им е пресметката за цената што ќе треба да ја платиме за новите заеми?