text size
Трошоците на животот во јануари 2023 година се зголемиле за 17,1 проценти во однос на истиот месец, минатата година, цените на мало бележат зголемување од 13,3 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираат дека во јануари, годинава во однос на претходниот месец, трошоците на животот се зголемиле за 0,1 процент, а а цените на мало се намалиле за 0,4 проценти. Всушност, листата на производи и услуги кај кои има поскапувања и кои придонесуваат за зголемување на трошоците на животот е многу поголема отколку листата на производи и услуги со намалени цени.