Македонија

Луксузот кај нас е ништо за развиените држави: Што купуваме за 700 евра?

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

10 април 2023, 08:00

Минималната синдикална кошница ја мери само Сојузот на синдикатите

Анализираме што е вклучено во неа

Во вкупните трошоци за сите ставки, храната и сметките чинат околу 75 отсто

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Што е потребно за едно четиричлено семејство да го помине месецот? Колку пари чини покривањето на тие основни трошоци на домаќинствата? Единствена институција во земјава што прави такви пресметки е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тие секој месец објавуваат колку пари треба да се издвојат за задоволување на минималните потреби во таканаречената синдикална кошничка. Минатиот месец растеше дебатата во земјава дали е точна пресметката на кошничката, затоа што инфлацијата се пресметуваше двапати, па реагираше и министерот за економија Крешник Бектеши. Анализираме што влегува во неа и колку е реално. Колкави се потребите на семејствата, колку можат да си купат за да се прехранат? 

Од ССМ се согласуваат дека елементите на кошничката не ги одразуваат реалните потреби, особено во делот на храната. Елементите ги презеле од Државниот завод за статистика, кој ваквите податоци престана да ги објавува во 2010 година. Но синдикалците се свесни дека многу скоро овие елементи ќе треба да се дополнат.

Во нивната кошничка во моментов недостигаат многу работи – нема ставка за образование, која би ги вклучила курсевите за децата, нема рекреација и спорт, ниту една лименка пиво или чашка ракија, нема хигиенски влошки и влажни марамчиња, нема бербер или фризер, нема ставка ниту за храна за домашните миленичиња.

И без сите овие ставки, минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено домаќинство надминува 700 евра месечно или 150 евра повеќе од просечната исплатена плата во земјата. Или за една година, во текот на инфлациската 2022 година, основните трошоци на семејствата се зголемиле за над 7.800 денари, а просечната државна нето-плата за 4.000 денари.

Што вклучува минималната кошничка?

Храна, домување, хигиена, превоз, облека, култура, здравје се елементите на кошничката што се мерат кај нас. Во вкупните трошоци за сите ставки, храната и сметките чинат околу 75 отсто.

Ако, пак, чинењето на овие елементи се спореди со просечната плата – резултатот е дека близу 56 отсто од парите се трошат за јадење и над 38 отсто за сметки.

Го прашавме универзитетскиот професор Зоран Ивановски каков е соодносот храна - плата во други, поразвиени земји.

„Различни се преференциите и перцепциите за овој однос помеѓу развиените и земјите во развој. Исто така, висината на стандардот на граѓаните ги детерминира и опфатот и квалитетот на потрошувачката кошничка. Она што е луксуз кај неразвиените, тоа е нормална потреба кај развиените земји. Клучна определба на секоја влада треба да биде порастот на животниот стандард на граѓаните, што би се пресликало и на волјата на граѓаните на изборите“, вели Ивановски за „Блумберг Адрија“.

Според сегашните пресметки, четиричлено семејство на трпеза во текот на еден месец најмалку што треба да стави е 800 грама пилешки стек, два килограма јунешко и два килограма свинско месо (со и без коски), шест литри млеко во тетрапак, 4,4 литри јогурт, 2,4 килограми сирење...

Замрзнати цени и жешка инфлација

И ваквите минимални потреби поради инфлацијата станаа преголем залак за голем дел од македонските домаќинства, особено за тие чии примања се под просечната плата, а такви се најголем дел од работниците што работат во стопанските дејности.

Инфлацијата во земјава е највисока во регионот. Последниот податок за март покажува раст од 14,7 отсто споредено со лани. Власта смета дека тоа се должи на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Но експертите велат дека е големо влијанието на високата споредбена основа, имено лани во март инфлацијата изнесувала високи 8,8 отсто.

Инаку, во текот на март власта ги замрзна цените на лебот, млекото и млечните производи и на тестенините. Но, според дел од експертите, мерката, иако на прв поглед е прифатлива и оправдана за граѓаните, не креира економска сигурност и не може да се очекува да функционира на подолг рок.

Проф. д-р Зоран Ивановски / Интернет-страница на УТМС
 

„Ваквите замрзнати цени имаат бенефиција за граѓаните и позитивно може да се одразат врз инфлацијата, но, од друга страна, тоа може да биде штетно за понудата. Најчест проблем што се појавува по замрзнување на цените е недоволната понуда на некои производи (создавање вештачки недостиг, поради немање економски интерес да се продаваат по етатистички одредената цена). Како последица од замрзнувањето на цената најчесто се појавува незадоволство кај компаниите, кои поради замрзнатите цени се соочуваат со намален прилив на средства, намалена заработка, што пак негативно се одразува врз нивните идни инвестиции и подобрување на работата на компанијата, а тоа може да води и кон нерентабилност на компаниите, а во најлош случај и нивно затворање“, објаснува професорот Ивановски.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Платите треба да ги следат цените – таков механизам во земјава постои

За зачувување на животниот стандард државите имаат вградено законски механизми според кои платите се усогласуваат за да ги следат цените, особено во услови на инфлација. Тоа се прави еднаш или двапати годишно, како што вели Ивановски.

„И кај нас постои сличен механизам, но државата посебно нагласува дека ги коригира платите, иако тоа е системска мерка што не зависи од дискрециското право на државата“, вели тој.

Сепак, зголемувањето на функционерските плати за 78 отсто е надвор од тој механизам, особено што се случува во време на висока инфлација и раст на минималната плата од само 12 отсто. Ваквите потези на власта ги лутат и граѓаните, но и бизнисот што го полни буџетот во услови на тешка криза.

„Инвеститорите сакаат стабилно окружување (без чести промени на закони, регулативи, владеење на правото и сл.), а ваквите ад хок економски политики и мерки не одат во прилог на тоа. Време е да се напуштаат популистичките мерки и да се имплементираат здрави економски политики, кои често не се популарни кај граѓаните. Тука доаѓаме до клучниот проблем. Кој ќе примени такви економски политики ако на тој начин ја губи популарноста кај гласачите“, прашува Ивановски.

 

 

Бојкот на маркетите и во Македонија: На цел регион му се смачи од поскапувања
Македонија

Бојкот на маркетите и во Македонија: На цел регион му се смачи од поскапувања

По Хрватска, бојкот на маркетите в петок ќе има и во Србија, Црна Гора и во Македонија. Целта не е да се снабдите претходно со потребното, туку да го купите од мали продавници или пазари.

30.01.2025

Автор: Мирјана Јовеска

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 14 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите