text size
Забележана е појава на големи количества фалсификувани монети на евра во Македонија, открива Народната банка во годишниот извештај за 2022 година. Во рамките на своите надлежности, како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, Народната банка лани открила вкупно 13.983 парчиња фалсификувани монети на евра, и тоа 13.583 парчиња во апоен од две евра, 321 парче во апоен од едно евро и 79 парчиња во апоен од 50 центи.