text size
Земи, направи, употреби и фрли - со децении тоа е пристапот кон производите и потрошувачката или концепт на линеарна економија. Компаниите земаат суровини за да создадат производи, кои подоцна ги купуваат потрошувачите, за на крајот, по употребата, да ги исфрлат, создавајќи отпад што во голема мера ја загадува животната средина. Како одговор на климатските промени се појави концептот на циркуларна економија, кој вклучува повторна употреба, поправка, повторно производство и рециклирање, за да се создадат нов систем и долготрајни производи. Во време кога има нагло зголемување на нестабилноста на глобалната економија и исцрпување на ресурсите, повикот за нов економски модел станува сè погласен. Анализираме дали македонските компании го следат примерот од европските земји и кои се придобивките од циркуларната економија.