text size
Високата стапка на инфлација во изминатиов период ја принуди Народната банка да ја затегне монетарната политика преку континуирано покачување на основната каматна стапка и преку други инструменти. Тоа доведе до раст на каматите на кредитите односно зголемување на трошоците за задолжување на македонските компании. Анализиравме како влијае рестриктивната монетарна политика врз ризиците кај македонските банки и како се рефлектира врз работењето на македонските компании.