text size
Повеќе од двојно се зголемила вредноста на увозот на жита и преработки од житни култури во Македонија во изминативе петнаесетина години. Во 2005 година во земјава биле увезени 192,6 илјади тони жита и преработки од житни култури во износ од 40,8 милиони евра, а лани увозот достигнал 221.000 тони и вредност од 107 милиони евра.