text size
Деловните субјекти и граѓаните на Македонија на свој грб го почувствуваа растот на цените на главните стокови производи на меѓународните пазари во изминатиов период предизвикани од органичувањата на понудата поради прекините во синџирите за снабдување и од шокот што го донесе војната во Украина. Тоа директно или индиректно влијаеше врз енормно зголемување на цените на храната, на индустриските производи, на трошоците за производство и за градење. Главна причина за тоа е што Македонија зависи од увоз за голем дел од стоковите производи.