text size
Станува ли јавниот долг проблем за државата или економијата ќе успее да произведе доволно за лесно раздолжување? Во јавноста сè погласни стануваат анализите за опасноста од висината на јавниот долг во услови на слаба економска активност и глобални предизвици, секако неизвесност поврзана со инфлаторните движења. Додека некои експерти тврдат дека веќе ја нагризуваме опасната зона, од Владата сметаат дека долгот воопшто не е проблематичен. Заклучно со третиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува осум милијарди евра или 55,8 отсто од бруто-домашниот производ. Во изминативе пет години јавниот долг има исклучиво нагорен тренд, а во вториот квартал тој достигна рекордни 8,3 милијарди евра. Намалувањето за 2,1 процентни поени во третиот квартал се должеше на враќањето на достасаната еврообврзница.