text size
Македонeцот Горан Гаревски, кој живее и работи во Словенијa e ко-основач на „ХЈЦУ“ (HYCU), компанија која се најде на четвртото место на листата ТОП 30 Магнети – стартапи кои привлекле најголеми инвестиции во регионот Адриа. Станува збор за високотехнолошката меѓународна компанија за заштита и складирање на податоци која привлече акционерски капитал од 123 милиони евра. Компанијата е основана во Словенија, а регистрирана е во САД. Создадена е како спин-оф на српската компанија „Комтрејд“ (Comtrade).