text size
Македонија е доведена во незавидна ситуација кога е во прашање финансирањето на буџетските трошоци поради зголемување на каматите за задолжување на глобалните пазари, што следуваше по растот на инфлацијата, енергетската криза и војната во Укрина. Анализата на „Блумберг Адриа“ покажа дека земјава има најнеповолни услови за задолжување на странските пазари.