Македонија

За две децении позадолжени за 4,3 пати

Автор: Владимир Николоски

19. Јули 2022, 09:44

Задолженоста по жител се зголемила од 904 на 3.904 евра

За две децении позадолжени за 4,3 пати

Bloomberg

Владимир Николоски

Со забревтано темпо расте јавниот долг на Македонија во изминативе дваесет години, а со намалувањето на бројот на населението значителен раст има во однос на задолженоста по жител. Во 2002 година јавниот долг бил околу 1,8 милијарди евра, а годинава достигна речиси 7,2 милијарди евра.

Меѓу двата пописи 2002-2021 бројот на населението се намали од 2.022.547 на 1.836.713 лица, што значи за две децении Македонија изгубила 185.834 резиденти. Во овој период задолженоста по жител се зголемила од 904 на 3.904 евра или за околу 4,3 пати.

Ако до пред некоја година, надлежните свесно се задолжуваа и го билдаа јавниот долг за реализација на различни проекти, во изминативе две години земјава принудно се задолжуваше главно за да ги ублажи ефектите од пандемијата на Ковид-19 и енергетската криза. Тоа е нотирано и во новата страгија за управување со јавниот долг 2023-2027.

„Наспроти растечкиот тренд којшто беше евидентиран во периодот од 2008 до 2016 година, јавниот долг во периодот по 2016 до крајот на 2019 година се стабилизираше. На почетокот на 2020 година, ескалирањето на здравствената пандемија на вирусот ковид-19 резултираше со намалена економска актвност во глобални рамки, а соодветно на тоа ефектите се почувствуваа и во македонската економија. Освен ефектите од пандемијата кои сѐ уште се присутни во македонската економија, исто така појавата на енергетската криза во почетокот на 2022 година придонесе за порастот на буџетскиот дефицит и, соодветно на тоа, врз порастот на јавниот долг“, пишува во стратегијата.

Инаку, државниот долг на крајот од првиот квартал од 2022 година изнесуваше 6.113.000.000 евра, односно 48,7 проценти од проектираниот БДП. Вкупниот јавен долг, којшто го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, на крајот од првото тримесечје од 2022 е на ниво од 7.170.700.000 евра, што претставува 57,1 проценти од проектираниот БДП.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија