text size
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера ја заврши консултацијата за член IV за 2023 година и го заврши првиот преглед според аранжманот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) за Македонија. Со тоа македонската власт добива пристап до околу 200 милиони евра. Според ММФ, Владата има намера да повлече 85 проценти од квотата, а преостанатиот износ да се користи како осигурување од надворешни шокови.