text size
Стартот на пристапните преговори за Македонија и Албанија ќе има позитивно влијание за рејтингот на двете земји, процесот треба да ги поттикне реформите и да ја зајакне нивната институционална сила. Сепак искуството покажува дека преговарањето може да трае долго и тоа е клучно во оваа операција, стои во известувањето од кредината агенција Moody’s во кое Bloomberg Adria имаше увид. Оваа кредитна агенција се смета за најстрога во оценувањето на глобално ниво и таа за Македонија се уште нема креирано оценка за рејтингот. Дали преговорите за земјава ќе значат и рејтинг од Мудис, засега останува отворено. Албанија има Б1 стабилен рејтинг од оваа агенција.