Македонија

Поскапеле угостителските услуги

Автор: Владимир Николоски

05. Август 2022, 13:14

За еден месец зголемување од 4,2 проценти

Поскапеле угостителските услуги

Bloomberg

Владимир Николоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули 2022 година, во споредба со јуни 2022 година се зголемиле за 4,2 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 6,4 проценти и ноќевања за 0,2 проценти.

Цените на угостителските услуги во јули 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемиле за 15,9 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јули 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 8,9 проценти, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 7,2 проценти.

 

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија