text size
Индексот на цени на аутпутот во земјоделството во август годинава споредено со истиот месец лани бележи пад од 2,4 проценти. Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), најмногу паднале цените на компирот, за 39 проценти, на овошјето и грозјето за 22,2 отсто, како и на житата и оризот, чија цена е за 21,6 процент пониска од пред една година.